Приватните превозници од утре се враќаат на улица

by fokus

Од утре приватните превозници се враќаат на скопскиот асфалт.

По денешниот состанок со градоначалничката Данела Арсовска, падна договор во наредните 15 дена да се изготви стручна анализа, со која, ќе се утврди методологија, за пресметка на цената за изминат километар. Новата цена, ќе важи од први јануари.

За приватните превозници ваквото решение е прифатливо и велат дека не им прави разлика дали одлуката за новата цена по изминат километар ќе биде донесена сега или по еден месец.

Поврзани новости