Приватните превозници од „Слобода превоз“ од утре стапуваат на штрајк и граѓаните ќе останат без десет автобуски линии
Автобуси нема да има на градските линии 9, 12, 22, 23 и 45. Засега ќе се пуштат возила само за приградските населби бидејќи таму ЈСП нема автобуси, па ако и тие ги укинат овие граѓаните ќе бидат целосно отсечени од градот.
-На последната средба во Градот се договоривме да има исплати на секои 15 дена, но тоа не се почитува. Пари од продажба на билети и месечни карти секој ден се собираат, но нас не ни се префрлаат пари. Имаме сомневање дека од тие пари кои всушност се наши пари, ние сме ги сработиле, се плаќаат други обврски на претпријатието. Ние треба да возиме и да даваме пари за гориво од наш џеб, а парите што сме ги сработиле да се даваат на друг, вели Ленин Јовановски од превозникот „Слобода превоз“, пренесува Сакам да кажам.