Приватните превозници нема да возат додека не се реши проблемот

by Fokus

Приватните превозници добиле ветување од Советот на град Скопје дека ќе стори се што е во негова надлежност за да се надмине проблемот со кој се соочуваат превозниците.

Претседателот на Здружението на приватни превозници „Слобода превоз“ Ленин Јовановски во изјава за медиумите дадена по средбата со советниците на град Скопје, рече дека автобусите на приватните превозници нема да возат се додека не се реши проблемот. За тоа дали ќе протестираат, ќе одлучат дополнително.

– Целта на оваа средба е постигната. На следната седница што ќе се одржи во понеделник преку советнички прашања ќе побараат одговори на се она што ние не можеме да го добиеме. Советот во рамки на неговите надлежности ќе направи се за надминување на оваа состојба. Добро е што сите претставници на советниците сакаат да се реши ова, изјави Јовановски.

Поврзани новости