368
Приватните автобуси од вторник до четврток нема да ја блокираат крстосницата кај Мавровка поради посетата на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.
Доколку и дотогаш не се постигне никаков договор со Град Скопје и со ЈСП, тие повторно ќе излезат на улица в петок, изјави директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски.
Тој најави оти тогаш ќе се блокира со сите 200 автобуси и Скопје ќе биде блокирано на повеќе сообраќајници сè до конечно решавање на проблемот.
Приватниците ја блокираа крстосницата кај Мавровка и направија сообраќаен хаос во центарот на Скопје.