Здружението на приватни Лекари на Македонија (ЗПЛРМ) го поздравува покачувањето на платите на здравствените работници во јавното здравство, но истовремено изразува разочарување што тие се заборавени. Ова денеска на прес-конференција го изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружението.
Тие бараат покачување на платите за 1400 приватни лекари од примарното здравство, кои имаат склучено договори со ФЗОМ, како и за 120 специјалисти интернисти и 124 специјалисти гинеколози.
– Ние не бараме покачување од 78 проценти, но бараме покачување од приближно 10 проценти, што е во согласно инфлацијата на ММФ. За да можеме да го следиме чекорот на просечна плата сметаме дека не треба да бидеме изоставени во зголемување на каптациониот бод“ рече д-р Чолакова Дервишова.
Информираше дека ЗПЛРМ денеска со ова нивно барање до надлежните се обратиле преку медиумите затоа што сметаат дека на овој начин досега голем број нивни иницијативи и предлози до надлежните биле попродуктивни во споредба со оние барања испратени со писмо.