Адвокатите на Горан Грујевски поднеле жалба на одлуката за притвор и сега Кривичниот совет на судот ќе треба да се изјасни дали одлуката на судијата на претходна постапка е исправна. Судијата, по осумчасовно испрашување одлучи да одреди 30 дена притвор за Грујевски откако Специјалното обвинителство му отвори истрага за уништување на системите за прислушување и фалсификување исправи. Мерката е определена по трите основи- влијание врз сведоци, повторување на делото и бегство од државата.
Дополнително, СЈО денеска се очекува да ги испрати барањата до судот со кои се наложува да им се забрани пристап на работните места на осомничените, да им се ограничи движењето, а на ексминстерката Јанкуловска да и се одземе и пасошот. Во текот на денот судот ќе треба да ги повика и другите четворица за да ги испраша пред да одлучи за мерките.