Притворениот екс-министер за градежништво на Србија по 6-дневен штрајк со глад заврши во болница

by Fokus

Поради нагло влошување на здравствената состојба по шестдневен штрајк со глад, Горан Весиќ -, екс српскиот министер за градежништво е префрлен во болница, пишуваат српските медиуми.

Со возило на Итна медицинска помош е испратен на понатамошна нега во Заводот во Сремска Каменица.

Како што објаснил управникот на Окружниот затвор во Нови Сад, Миле Јандриќ – Горан Весиќ се пожалил дека во текот на ноќта му се слошило.

„Лекарите од одделението го прегледале и се обратиле кај судијата за претходна постапка. Напишаа упатство, судијата го прифати и Весиќ беше префрлен и задржан на Одделот за интензивна нега и коронарна нега во Каменица“, вели тој.

Горан Весиќ беше уапсен на 21 ноември заедно со уште 11 лица поради падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, каде што животот го загубија 15 лица, а двајца беа тешко повредени.

Владата на Србија во петокот му го одзеде имунитетот на министерот за градежништво во заминување.

 

Поврзани новости