Притворени двајца разбојници кои нападнаа и ограбија старец во гостиварски Равен

by fokus

Две лица добија мерка притвор, а по едно се трага по расчистување на случајот со разбојништво врз жител на гостиварското село Равен. Судија во претходна постапка определи триесетдневен притвор за Ј.И.(45) од Гостивар и албанскиот државјанин Г.Б.(42). Притворањето следува откако надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против нив и А.Ј.(28) од тетовското село Челопек по кој се трага. За трите лица постојат основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

Тие на 18 август На 18 овој месец во гостиварското село Равен пријавените со употреба на сила извршиле разбојништво над 72-годишниот М.А.

По пријавата, утврдено е дека во неговиот дом додека престојувал со пријателка околу 20 часот и 30 минути, влегле нејзиниот син и невенчан сопруг, физички го нападнале, му одзеле пари и златен накит.

Од надлежното обвинитество информираа дека заради обезбедување присуство на осомничените во текот на истражната постапка, на јавниот обвинител кој постапува во предметот до судијата на претходна постапка во Основниот суд Гостивар му е прифатен предлогот за определување на мерката притвор

Поврзани новости