671
Полицијата вчера поднела кривична пријава против прилепски хирург поради основано сомнение дека примил поткуп и ги злоупотребил службената положба и овластување. Лекарот е приведен и одреден му е притвор од осум дена.
– Пријавениот, кој е вработен како хирург во повеќе наврати злоупотребувајќи ја службената положба за лекарски прегледи и хируршка интервенција, како и постоперативни контроли, врз пациент од болницата побарал и примил поткуп во вкупна вредност од 36.000 денари – информираат од МВР.
Полицајците од хирургот одзеле банкнота во апоен од 100 евра, кои претходно биле криминалистички обработени.