Притворен еден од главните луѓе на Земунскиот клан, Филип Корач

by fokus

На територијата на Хрватска пред неколку дена е уапсен еден од главните луѓе на Земунскиот клан, Филип Корач, десната рака на Лука Бојовиќ, пишуваат српските медиуми.

Корач од вторникот се наоѓа во Реметинец, каде што и се предал на полицијата во придружба на адвокат, а се гони за фалсификување пасош.

Истражните дејствија се покренати бидејќи Корач имал хрватски пасош, а притворот бил одреден во тајност во негово отсуство. Хрватска по него распиша меѓународна потерница и европска потерница.

Иако се се одвивало во тајност, Корач дознал за тоа и во придружба на својот адвокат Гордан Преглеј дошол пред Реметинец, по што бил приведен.

Корач се поврзува со судирите меѓу два клана – Шкаљар и Кавчан, во којшто загинаа десетици луѓе ширум светот.

Србија покрена постапка против Корач за поттикнување убиство, но таа е суспендирана поради недостиг на докази.

Последен пат за овој човек во јавноста зборуваше Вељко Беливук кој рече декад Корач е соработник на Безбедносно-информативната агенција и Интерпол, но и на Јован Вукотиќ од Котор, кој според оперативните информации на црногорската полиција се смета за наводен водач на „Шкаљарскиот клан“.

Неговото име со години се поврзува со името на Лука Бојовиќ, кој моментално издржува затворска казна во Шпанија. Медиумите објавија дека Корач е „десната рака“ на Бојовиќ, како и дека тој ги води сите негови работи и во Србија и во Црна Гора.

Неговото име често се споменуваше во јавноста, од другата страна на законот, па дури и ликвидации. Но, неговото досие остана празно сите овие години и никогаш не бил осуден за кривично дело.

Поврзани новости