655
На барање на велешкото обвинителство, судија на претходна постапка им одреди триесетдневен притвор на три лица од Блаце кои вчера беа фатени со речиси 100 килограми марихуана на автопатот Скопје-Велес.
-Дрогата била сместена во девет црни најлонски вреќи во багажникот и на задните седишта од патнички автомобил БМВ. Овластени полициски службеници ги сопреле на наплатна станица при што ја пронашле и ја одзеле марихуаната, се вели во соопштението на Обвинителството.