3
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.С.(41) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ во врска со семејно и кривично дело „телесна повреда“.
Како што информираат од полицијата, на 3-ти овој месец во семејниот дом, поради претходни недоразбирања, пријавениот физички го нападнал неговиот татко и му упатувал закани по неговиот живот, по што му била одредена мерка притвор од 8 дена во Казнено поправната установа Затвор – Скопје.