790
На шефот на данската воено разузнавачка служба, Ларс Финдсен, му е одреден притвор поради неговата вмешаност во случај кој вклучува „протекување на строго доверливи информации“.
Четворица поранешни и активни припадници на две дански разузнавачки служби беа приведени во декември минатата година поради протекување на строго доверливи информации.
Иако тројца разузнавачи во меѓувреме се ослободени од притвор, тие се уште се под истражни мерки.
Засега не е познато колку долго Финдсен ќе биде задржан во притвор, а јавното обвинителство одби да го коментира случајот.