0
Кривичниот суд го прифати предлогот на Обвиниотелството за притвор за четири лица, опфатени со истрагата за бандата Барон/Беланоца, кои вчера беа спроведени во судот, во траење од 30 дена. Прифатен е и предлогот за определување мерка притвор за пет лица кои се недостапни за органите на прогон, додека двајца во моментот на акцијата веќе биле во притвор.
Мерка на обезбедување е барана и за Фатљум Ајети Тоте, водач на бандата кој во моментот издржува затворска казна.