Притвор за пратеникот на Курти што го фатија со 11 илјади дози екстази

by Fokus

На поранешниот советник на движењето „Самоопределување“ од Приштина и пратеник во тамошното собрание, Бесник Мујечи, кој е уапсен во Албанија под сомнение дека е вмешан во трговија со дрога, Кривичниот суд во Тирана му одредил притвор, јавува „ABC News“ на албански јазик.

Истиот суд им одредил мерка притвор без временско ограничување и за останатите уапсени во акцијата во која биле запленети 11.300 дози екстази – Митхат Рамадани, Каљем Пицари, Амбра Мифтари и Даниел Авди.

Судијата Герт Хоџа го прифатил барањето на обвинителот да продолжи истрагата против петмината уапсени додека се во притвор.

Полицијата соопшти дека вредноста на запленетата дрога е околу 400.000 евра.

Поврзани новости