Притвор за осомничен кој усмртил пешак и го напуштил местото на несреќата

by fokus

Тетовската полиција соопшти дека 36-годишен маж од селото Пршовце е приведен како осомничен за сообраќајната несреќа на 6 декември на патот Тетово-Јажинце во која загина пешак, а возилото го напуштило местото. По вчерашното приведување и задржување во полициска станица, денес судија во претходна постапка му одредил притвор од 8 дена.

– СВР Тетово го обезеди учесникот во сообраќајната несреќа која се случи на 6 декември на регионалниот пат Тетово-Јажинце кај Слатино, при што беше прегазен пешак,а возачот го напуштил местото. Станува збор за А. Б (1984), а воедно е обезбедено за вештачење возила марка Форд ескорт со тетовски регистерски ознаки. По завршување на постапката и одредување на мерката притвор од судија во претходна постпака А.Б е спроведен во КПУ Затвор Скопје, информираа од СВР Тетово.

Сообраќајката се случила во неделата во 17.30 часот кај Слатино, а животот го загубил И. А (43) од гостиварското село Дебреше. По несреќата увид изврши полицијата и Обвинителството.

Поврзани новости