533
Наставник од Гостивар добри привор во траење од 30 дена, поради тоа што пред два дена повикал малолетно девојче во училница, па ја бакнувал и ја прегрнувал.
„Одделението за внатрешни работи Гостивар-Надворешна канцеларија за криминалистички работи, до Основното јавно обвинителство Гостивар, поднесе кривична пријава против 54-годишниот Х.Р, наставник во основно училиште во Гостиварско, поради тоа што на 29 јануари во периодот од 15.30 до 15.45 часот во училница во училиштето повикал малолетно девојче, ја затворил вратата, го прегрнал и бакнал. Пријавениот Х.Р. е лишен од слобода, по што бил изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар, кој му определил мерка притвор од 30 дена“, велат од МВР.