Притвор за маж и жена од Велес кои продавале хероин

by fokus

Од Обвинителството во Велес информираат дека донеле наредба за истрага против две лица, маж и жена на возраст од 39 и 36 години, за поседување и продавање на дрога.

Како што соопштија денеска од обвинителството, бидејќи постои опасност од повторување на кривичното дело, како и можност за бегство на осомничените, јавниот обвинител предложил да им биде определена мерка притвор. Судијата на претходна постапка од Основен суд Велес го прифатил предлогот и на осомничените им определи притвор во траење од по 30 дена.​​

– Осомничените маж и жена, кои живееле заеднички како вонбрачни партнери, во својот дом држеле наркотична дрога – 94,18 грама хероин во повеќе различни пакувања. При претресот на домот, осомничената преку прозорецот од куќата надвор исфрлила дел од наркотичната дрога, соопштија денеска од обвинителството.

Полицијата во куќата пронашла и други предмети кои укажуваат на намерата за илегална продажба на дрога и тоа една дигитална вага, пари, тетратка со записи за неплатени долгови од лица и платежни картички на име на различни лица.

Поврзани новости