Притвор за малолетник за трговија со дрога

by Fokus

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје достави Барање за поведување подготвителна постапка со предлог за определување мерка притвор против дете во судир со законот на возраст над 16 години.

На паркинг простор пред зградата, како и во ѕидот од ходникот во близина на станот каде престојувал 17-годишникот држел повеќе помали пакувања наркотична дрога марихуана, чија точна количина е предмет на вештачење.

- Advertisements -

Дрогата била спакувана и подготвена за натамошна неовластена продажба. Врз основа на обезбедените докази постои основано сомнение дека детето извршило дејствија кои со закон се предвидени како кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по предлогот на обвинителството, судијата за деца донесе решение со кое определи мерка притвор за малолетникот.

Поврзани новости