Притвор за лицето кое застрела гостин на свадба

by fokus

Основното јавно обвинителство во Куманово поведе постапка против лицето кое застрела гостин на свадба во Липково.

„Осомничениот на 25 јули во 22.45 минути, додека присуствувал на свадбена веселба, извадил од појас пиштол марка Смит и Весон и со умисла испукал еден куршум со кој го погодил сега починатиот Б.Х., државјанин на Германија. Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување на истражна постапка против осомничениот за сторени две кривични дела и тоа убиство и неовластено  изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачи материи“, соопшти Јавното обвинителство.

Судот на осомничениот му определи притвор во времетраење од триесет дена.

Поврзани новости