505
Притвор од 30 дена му одреди Основниот кривичен суд Скопје на косовски државјанин осомничен за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Осомничениот вчера во просториите на затворот „Идризово” во Скопје при редовна посета на осудено лице неовластено заради пренесување држел 89,96 грама кокаин.
– При влезот во установата осомничениот на затворскиот полициски службеник му предал пакет наменет за осуденото лице, во кој имало и една јакна. По извршениот претрес на пакетот, во внатрешниот џеб од јакната, во најлонско пакување обвиткано со селотејп, била пронајдена наркотичната дрога – кокаин, соопшти Јавното обвинителство.
Мерката притвор од 30 дена му е одредена на предлог на надлежен јавен обвинител поради опасност осомничениот да избега, да влијае врз сведоците и да го повтори кривичното дело