Капушевски во ,,Шутка”, Јахоски во куќен притвор

by Fokus

Судот му одреди 30-дневен притвор на бизнисменот Ратко Капушевски, генерален директор на фирмата РКМ за трговија со енергенси и нафтени деривати за злоупотреби во набавки на мазут и перење пари. На Асмир Јахоски, сопственик на „Пуцко Петрол“ му е одреден домашен притвор. Тие попладнето беа изведени на распит во Кривичниот суд пред судија на претходна постапка.

„По прoизнесување на Јавниот обвинител и осомничените во присуство на нивни бранители, во однос на предложените мерки, како и ценење на приложените факти, го прифати предлогот на Јавниот обвинител со кој на Р.К., А.М. и Е.С. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т. 1 и 2 односно Опасност од бегство и Околности кои укажуваат дека ќе ја попречи истрагата со влијание на сведоци. Во однос на осомничениот А.Ј., по произнесување на осомничениот пред судија на претходна постапка Јавниот обвинител се согласи за промена на предлогот за определување мерка притвор со предлог за определување на мерка куќен притвор, што беше прифатено од Судијата на претходна постапка.

За останатите 7 осомничени кои беа спроведени во судот, судијата го прифати предлогот на Јавниот обвинител и донесе решени за определување на мерки за претпазливост.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот“ соопшти судот.

Поврзани новости