351
Четири лица се приведени, против нив е покрената кривична пријава и одредена им е мерка притвор поради препродажба на хероин.
Полициски службеници завчера на „Стрежевски пат“ во близина на село Могила ги лишиле од слобода З.Б.(25) и Ѓ.Ч.(30) од Битола и С.М.(38) и Р.Б.(26) од Скопје. Од приведените биле одземени 89 грама хероин.
СВР-Битола вчера против нив поднесена кривична пројава по член 215 од Кривичниот закон за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, а од страна на Судија за претходна постапка од Основен Суд Битола, на истите им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.