Дваесет и четиригодишен маж од Скопје е осомничен за две кривични дела, и тоа убиство во обид и неовластено поседување оружје.
Осомничениот на 26 април 2021 година, околу 15:30 часот, во с. Пантелеј, Кочанско, свесен за своето дело, се обидел да лиши од живот две лица. По кратка расправија и физичка пресметка со еден од оштетените, обвинетиот зел огнено оружје пушка „ловен карабин“ која неовластено ја поседувал и се упатил кон оштетениот.
Откако бил забележан како се приближува, двајцата оштетени се сокриле во викендица на оштетената. Осомничениот тогаш од непосредна близина пукал низ дрвената врата на викедицата на висина од 116 см, при што проектилот не ги погодил оштетените.
Основното јавно обвинителство Кочани информираше дека во насока на обезбедување непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител до надлежниот суд достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.