665
Притвор од 30 дена доби 23-годишното момче кое пред четири дена силуваше малолетничка од Гевгелија.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија поднесе кривична пријава против А.В.(23) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“. Од страна на судијата на претходна постапка при Основен Суд Гевгелија одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена и тој бил спроведен во Казнено-поправната установа – Затвор Гевгелија. Пријавениот, на 23.02.2020 околу 13.00 часот во Гевгелија со употреба на сила извршил обљуба врз малолетно девојче од Гевгелија“, велат од МВР.