Триесет дневен притвор им е одреден на четворицата членови на терористичката организација од струшкиот и гостиварскиот регион кои вчера беа уапсени во акција на МВР. Предмалку од обвинителството појаснија дека терористичката огранизација ја создал 21-годишен гостиварец, по примерорт на ИСИС, во која регрутирал членови, а целта им била да извршат терористрички напади врз цивили и јавни објекти.
-Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство против 4 лица, осомничени за кривичното дело Терористичка организација од чл. 394 – а од КЗ, донесе решенија со кои го прифати предлогот на ОЈО ГОКК и на сите четири лица кои, утрово беа спроведени во судот, им определи мерка притвор во траење од 30 дена.
Согласно решенијата за притвор, постојат основани сомненија од чл. 165 ст.1 т.1 и т.2 односно опасност дека осомничените може да се дадат во бегство и Опасност истите да ја попречат истрагата со влијание на
сведоци, па заради тоа и е определена мерката притвор. Против овие решенија странките имаат правно на жалба пред Кривичниот совет, информираа од Кривичниот суд.