Притвор од 30 дена за екс министрите за земјоделство Цветков и Делев, за Спасеновски куќен притвор

by Fokus

Поранешните министри за земјоделство Михаил Цветков и Кристијан Делев добија 30-дневен притвор, додека екс министерот Ацо Спасеновски заврши во куќен притвор, информираа од Кривичниот суд.

„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор за 4 лица, судија на претходна постапка при одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по произнесување на лицата по однос на предлогот, а во присуство на нивни бранители и јавен обвинител како и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот, донесе решенија со кои го прифати предлогот и на М.Ц. и К.Д им определи мерка притвор во траење од 30 дена додека на А.С. зарди утврдени здравствени проблеми му определи мерка куќен притвор. Во однос на Љ.Д. кој е пратеник во Собранието на Р.М. и истиот се повикува на пратенички имунитет ќе биде дополнително повикан да се прозинесе во судот, откако ќе се создадат услови за тоа – информираа од Кривичен суд.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција претходно информира дека четворицата во својство на министри за земјоделство, шумарство и водостопанство и нивни заменици во одреден период склучувале договори за закуп на земјоделско земјиште, кои не ги раскинувале иако закупувачите не го плаќале надоместокот за закуп.

– Станува збор за досега утврдени 584 договори за закуп на земјоделско земјиште на разни локации низ државата. На овој начин била предизвикана штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 88.467.607 денари (над 1,4 милиони евра)., информираат од Јавното обвинителство на Република Македонија, соопшти Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Поврзани новости