592
Судот му одреди притвор и на возачот на автобусот на „Дурмо Турс“ за автобуската несреќа на автопатот Скопје – Тетово кај Ласкарци, во која загинаа 15 патници. Претходно мерка притвор им беше одредена и на сопственикот и на раководителот на компанијата. За уште три лица се прифатени мерки за претпазливост.
-Постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје за определување мерка притвор за шест лица и мерки за претпазливост за едно лице, кои денеска беа спроведени во судот, судија на претходна постапка по исказите на лицата како и ценењето на фактите и доказите приложени во предлогот , донесе решенија со кои за Д.Б. Р.М. и М.Т го прифати предлогот на обвинителството и им предели мерка притвор во траење од по 30 дена, соопшти Основниот суд Скопје 1.