Притисоците кон пратеници од опозицијата имаат контра ефект, вели Митева

by Fokus

Владата на Ковачевски е влада на порази, притисоци и автократија, обвини денеска на прес-конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Власта, како што рече е само слеп извршител на нарачки и обвини дека залудно се прават притисоци врз пратениците.

„Токму пратениците од мнозинството чувствуваат и знаат дека оваа власт треба да се смени. Затоа владата на Ковачевски користи посредници и со нападни методи ја одржува власта. Но, власта треба да знае дека ваквиот начин е обратнопропорционален од нивните намери за зголемување на мнозинството затоа што така само им се намалува рејтингот на СДС.

Не далеку од денес ако СДС продолжи со погубните политики сами ќе си го постапуваат прашањето зошто голема е веројатноста да престанат да постојат“, вели Митева.

 

Поврзани новости