Уставот предвидува слобода на изразување, вклучително и за новинарите, но притисокот на владата врз медиумите, неказнетоста на сторителите на насилство врз новинари и други членови на медиумите и медиумскиот пазар поделен по политички и партиски линии, продолжува да биде проблем, се нотира во ивештајот Република Македонија на Стејт департментот за почитување на човековите права.
Во делот за слободата на медиумите извештајот на Стејт департментот, заклучува дека иако повеќето владино рекламирање беше прекинато во 2015 година, постојат извештаи дека претходната влада се обидела да ја попречи медиумската критика со упатување политички реклами во провладини медиуми пред формирањето на новата влада во мај.
– На 22 август владата ги прекина сите реклами кои се платени од владата во комерцијалните медиуми, вклучувајќи ги телевизиите и радијата, печатените, билборди и интернет портали, со исклучок на социјалните медиуми. Оваа политика стана задолжителна за сите државни агенции и беше охрабрена и за локалните власти, се наведува во извештајот.
Медиумите и известувањето продолжува да се дели по политички линии.
– Има веродостојни извештаи дека новинарите се соочуваат со други опструкции додека се обиделе да ја информираат јавноста за настани. На пример, 21 новинар беа под забрана да известуваат, а шестмина новинари беа тепани додека известуваа за демонстрациите што подоцна резултираа со насилен упад во зградата на парламентот на 27 април, се нотира во извештајот на Стејт департментот.
Дополнително, извештајот на Стејт департментот нотира, дека има извештаи дека претходната влада вршела притисок врз новинарите што резултирало со автоцензура.
– Новинарите известуваа за поголемо владино мешање кога ги опфаќаа темите чувствителни на претходната влада. Медиумите во приватна сопственост тврдеа дека рутински добиле повици од властите на највисоките нивоа на власта кои диктираат како и што да известуваат во врска со политичките прашања, се вели во извештајот.
Во врска со законото заклевета, дел уредници и сопственици на медиуми изразија загриженост дека високите казни ќе промовираат понатамошна автоцензура. Исто така, имаше тврдења дека поранешната влада го користела статутот како алатка за целите на политичките противници.
Според ЗНМ, од 23 ноември имало околу 39 случаи на клевета поврзани со новинари, уредници и / или медиумски менаџери или сопственици кои чекаат пред суд.
– Владата не го ограничи или го наруши пристапот до интернет или цензурирање онлајн содржини. Нема официјални извештаи дека владата ги следи приватните онлајн комуникации без соодветен правен налог, се наведува во извештајот на Стејт депармнетот.