647
На Меѓународниот аеродром Скопје денеска пристигнаа 97 граѓани од Авганистан кои се активисти на Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ). Тие ќе бидат привремено сместени во Северна Македонија, додека не биде обезбеден трансфер до нивната крајна дестинација.
По слетувањето, на граѓаните од Авганистан им беше спроведена стандардна процедура, поддршка од Црвениот крст, безбедносна проверка и заштита, медицинска поддршка, ПЦР тест и можност за вакцина.
– Република Северна Македонија останува посветена на глобалната хуманитарна акција која има за цел да им помогне на граѓаните од Авганистан, кои во изминатиов период работеа на подобрување на човековите права, демократијата и мирот, соопшти владината прес-служба.