865
Општина Центар набави 9 машини за рециклирање на пластични и стаклени шишиња, а за секое фрлено шише граѓаните ќе добиваат 1,5 денари на новата платежна картичка „Грин пеј кард“, која ќе биде пуштена во употреба по поставувањето на машините.
-Општина Центар и ЈП ПОЦ го воведуваат светскиот тренд во рециклирањето. Пристигнати се планираните повратни вендинг машини за пластични и стаклени шишиња. Наскоро за секое рециклирано шише 1,5 денари на вашата ,,Green Pay Card”, напиша на фејсбук градоначалникот Саша Богдановиќ.