5
Министерството за здравство информира дека се обезбедени нови количини вакцини против ковид-19.
Станува збор за 11.520 дози кои во текот на неделава ќе бидат дистрибуирани до здравствените домови. За таа цел, сите заинтересирани граѓани кои сакаат да примат вакцина против ковид-19, може да се обратат до најблискиот здравствен дом.
Во Скопје, вакцинацијата ќе се одвива во поликлиника Бит Пазар, информираат од МЗ.
Инаку, вакцините се наменети за возрасни и адолесценти над 12 години.
Од МЗ потсетуваат дека вакцинацијата претставува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението од заразни заболувања.