Пристигна новиот Nissan Juke

by Fokus
  • Враќање на легендарната жолта боја на каросерија на освежениот, компактен SUV Nissan Juke
  • Подобрување во внатрешноста, подобрување на поставеноста, дизајнот, ергономските карактеристики и удобноста
  • Воведување на ново ниво на опрема N-Sport (ново во понудата)

 Nissan освежување, враќање на жолтата боја на каросерија на овој градски кросовер Juke, како одговор на многуте барања на клиентите кои ја сакаа оваа боја на првата генерација на Juke.

Преку воведувањето на новата жолта боја на каросерија, дизајнерите и инженерите на Nissan воведоа и значајни промени во внатрешноста на Juke со цел да го подобрат искуството во автомобилот, редизајнирана централна конзола и инструмент табла. Дополнително во внатрешноста користени се нови материјали и облоги, освежена   опрема и потенциран финиш. Поврзаноста со автомобилот е исто така подобрена благодарение на поголемиот екран на допир и неговите нови функции.

Освежувањето вклучува воведување на ново ниво на опрема, N-Sport, кое ги нагласува динамичните карактеристики на Juke, како на надворешноста, така и на внатрешните детали.

Повторното воведување на жолтата боја на каросерија во палетата на Juke е одговор на желбите на клиентите на кои оваа боја многу им се допаѓа уште во периодот кога бојата беше претставена како боја на првата генерација на овој модел. Нијансата на новата жолта боја е различна од онаа на претходната генерација. Во споредба со претходниот модел Juke, новата жолта боја е малку посветла, што резултира со помодерен и впечатлив изглед.

Ново ниво на опрема N-Sport, ефектот на новата жолта боја доаѓа до израз благодарение на контрастниот црн кров, тркалата, надворешните ретровизори, профилите на калниците, предната инструмент табла, A и B држачите. Целокупниот ефект го подобрува визуелниот впечаток на Juke и му дава уште поголема смелост и уште подобар став.

„Кога првпат ја претставивме втората генерација на Juke, најчестото прашање кое ни беше поставено е: „Дали ќе биде достапно возилото во жолта боја? Индија, Европа и Океанија (AIMEO).

„Едноставно моравме да ги слушаме нашите верни клиенти и да ги исполниме нивните желби. Ја искористивме можноста да воведеме уште некои промени во средината на „животниот тек” на моделот Juke кои ќе ja подобрат удобноста, практичноста и искуството во возилото како за возачите така и за патниците“, додаде тој.

Внатрешни подобрувања за поголем квалитет и поврзување

Враќањето на впечатливата жолта боја на каросеријата во палетата на Juke е само почеток. Искуството во возилото е подобрено благодарение на напорната работа на дизајнерските и инженерските тимови на Nissan.

Првата промена што ја забележуваат постоечките клиенти кога ќе седнат зад управувачот на верзијата Acenta е поголемиот централен екран на мултимедијалниот систем. Неговата дијагонала сега е 12,3 инчи и е свртена кон возачот за 8°, така што копчињата на далечниот раб на екранот се на дофат, но и дополнително се нагласува впечатокот од кокпитот, кој исклучително им се допаѓа на клиентите на моделот Juke.

Кога возачот ќе се смести зад управувачот, ќе забележи дека  управувачот е обвиен со нов мазен материјал налик на кожа кој има почисти линии и е далеку попријатен на допир.

Зад управувачот се наоѓа инструмент таблата во форма на 12,3-инчен TFT екран, кој ја прикажува брзината на возилото и другите клучни информации. Екранот со висока резолуција (1920 x 720 пиксели) му овозможува на возачот да го конфигурира екранот и да ги прикажува сите информации во комбинацијата која му е потребна.

Распоредот на инструмент таблата нуди два различни основни прикази, каде што класичниот приказ вклучува два бирачи, додека централната област прикажува дополнителни информации. Вториот, подобрен екран вклучува брзина на движење и брзина на моторот преку две копчиња, кои се поставени под агол и обезбедуваат тродимензионална перспектива. Ова дава поголем централен простор за прикажување на дополнителни информации.

Во централното подрачје помеѓу копчињата, возачот може да ги прегледа упатствата на системот за навигација, вклучувајќи мапи, како и податоци за потрошувачката на гориво, еко-возењето, притисокот во пневматиците и други клучни информации. Контролите за контролирање на екранот се наоѓаат на погодно место на управувачот.

Подобрениот мултимедијален систем вклучува поинтуитивен почетен екран кој му овозможува на корисникот да го прилагоди екранот по свој вкус за да вклучи виџети за функционалностите што ги користи најчесто, исто како на екран на паметен телефон.

Покрај тоа, мултимедијалниот систем сега подобро ги препознава гласовните команди и има функција за препознавање на природен јазик. Ова значи дека системот има поширок опсег на фрази и изрази што може да ги разбере како наредба и да го игнорира двоумењето или паузите во говорот. Покрај безжичното поврзување со услугата Apple CarPlay, сега е достапна и безжичната врска со услугата Android Auto.

Соодветен жолт ентериер

Впечатливата нова жолта боја на каросеријата се рефлектира и во внатрешноста во верзијата N-Sport, која вклучува жолта линија во облик на бумеранг што се протега по горниот дел на инструмент таблата,  потоа се спушта со цел да го врами куќиштето на новиот централен екран на мултимедијалниот систем и завршува на отворите за воздух.

Впечатливата замисла на дизајнот продолжува кон седиштата, кои се украсени со жолти детали од рециклирана Alcantara® навлака, со цел да одговараат на новата боја на каросеријата, покривајќи го горниот надворешен дел од седиштата и истите се протегаат кон центарот на страничните ѕидови. Основата и потпирачот за грб на седиштето имаат впечатлива шема, името на моделот „Juke“ е вткаено во потпирачот за грб, поставено на ниво на рамената. Жолтиот шев го комплетира смелиот изглед.

Нивоата на опременост N-Connect, N-Design и Tekna исто така имаат нови седишта со подобрен комфор. Новите седишта на верзијата N-Connect се обложени со новата навлака Kira Melange изработена од ПВЦ со ткаенина која одговара на шарените детали.

Кај моделите на ниво на Tekna, новиот материјал е црн ПВЦ со ПВЦ детали и со детали од дијамантски дезен на основата и потпирачот на седиштето. Отворот на седиштата, кој на внатрешноста и дава спортски изглед се наоѓа зад главата на патникот и има црна декоративна граница.

„Juke е храбар и смел член на семејството Nissan. Главната причина за љубовта кон овој модел е неговиот дизајн – клиентите го сакаат неговиот стил и храбрите карактеристики. Уживавме да работиме со колегите од Техничкиот центар на Nissan во Европа и тимот во фабриката во Сандерленд и да развиеме нова похрабра жолта боја за Juke. Сметаме дека понудата на Juke во N-Design со црн кров, странични ретровизори и тркала како и целата внатрешност која е фокусирана кон возачот и најновата технологија, му дава на овој модел еден дополнителен фактор на привлечност. Освежување на гамата на возила – целиот дизајнерскиот тим со нетрпение очекува да го види првиот нов Juke поставен на патиштата“, рече Метју Вивер, потпретседател на Европскиот дизајнерски центар на Nissan.

Уште попрактичен ентериер

Подобрувања во внатрешноста на сите нивоа на опременост на Juke. Ова вклучува поголема кутија за поставување на ракавици која сега има капацитет од 7,8 литри (6,6 литри за верзии со управувач од десната страна). Потпирачот за рака е исто така редизајниран за да гарантира уште подобра поддршка, неговиот асиметричен дизајн го подобрува досегот за 25 mm без потреба од намалување на големината на држачот за чаши. Преклопениот потпирач за рака ја крие централната преграда за складирање, како и кај претходниот модел Juke. Сепак, капакот сега има држач за најмногу три кредитни картички.

Сите нивоа на опременост на новиот Juke сега се опремени со електрична рачна сопирачка, која обезбедува максимален слободен простор помеѓу предните седишта. Кај хибридната верзија, копчињата e-Pedal и EV режим се преместени на попогодна локација.

Почнувајќи од нивото на опременост N-Connect, сите верзии се опремени со безжична подлога за полнење доволно голема за паметен телефон со димензии слични на iPhone 12 Pro Max. Покрај тоа, патниците во предниот дел на возилото имаат на располагање USB-A и USB-C приклучоци.

Децата (или возрасните) кои се запознаени со технологијата на задното седиште ќе ги обожаваат дополнителните приклучоци USB-A и USB-C и ќе бидат сигурни дека нивните уреди се целосно наполнети во текот на патувањето.

Дополнителни нови бои на каросеријата

Иако враќањето на жолтата боја ќе им се допадне на љубителите на моделот Juke, палетата на бои на каросеријата претрпе уште неколку промени. Претходната бисерно бела е заменета со нова нијанса, чија нова формулација постигнува уште почиста белина, додадени се повеќе „метални снегулки“ за да се постигне посилен бисерен ефект.

Нова формула доби и металик црната боја. Новата боја е побогата и потемна. Ова се постигнува со користење на поголема количина на пигмент и заменети се „металните снегулки со стаклени снегулки”, што овозможува повеќе сјаен ефект.

Новите тркала сега се достапни во трите највисоки нивоа на опременост на Juke. Секое ниво на опременост има стандардни тркала и нуди опција за алтернатива. Нови тркала на нивоата N-Connect и N-Design, сите имаат дизајн со пет краци, дизајнот е уникатен за секое ниво, со различен технички и геометриски изглед. Опционалните тркала на нивоата N-Connect, N-Design, N-Sport и Tekna се впечатлива алтернатива од 19 инчи со оптимизирани аеродинамички карактеристики.

Опција за пневматици со низок отпор на тркалање за 17-инчни тркала, достапни на хибридната верзија на нивоата на опременост Acenta и N-Connect.

Дополнителни системи за помош при возење

Освежувањето на моделот Juke носи и систем за предупредување за напуштање на сообраќајна лента. Системот за одржување на лента е стандардно вклучен на нивоата на опрема N-Design, N-Sport и Tekna. Тоа е систем кој ја следи положбата на Juke во лентата, на пример на автопат или кога возилото ќе се приближи премногу до работ на лентите означени со бели линии, ги активира вибрациите на управувачот за да го привлече вниманието на возачот. Доколку возачот не ја коригира патеката, возилото интервенира и го коригира правецот за возилото да остане на коловозната лента.

За да се искористи високата резолуција на централниот дисплеј, зголемена е и резолуцијата на камерата за возење на назад, од 0,3 на 1,3 мегапиксели. Ова значи дека возењето на назад сега е уште полесно благодарение на појасната слика, особено во потемни услови на возење. Камерата за возење на назад сега е стандардна на сите нивоа на опременост на Juke, додека мониторот за поглед наоколу, кој комбинира фотографии од четири камери лоцирани низ автомобилот за да обезбеди преглед од горната положба на автомобилот кога е паркиран, е достапен на ниво на опрема Tekna.

Во случај на ненадејно сопирање поради неочекувано ненадејно сопирање на автомобилот напред, стоп светлата ќе трепкаат со цел да го предупредат возачот во возилото позади.

Нема промени во опсегот на погонски единици

Juke нуди две опции за погон. Електрифицирана Juke Hybrid опција опремена со мотор со внатрешно согорување на Nissan, специјално развиен за работа во хибриден погон. Моторот развива 69 kW (94 КС) и вртежен момент од 148 Nm.

Главниот електромотор произведува 36 kW моќност (49 КС) и 205 Nm вртежен момент, исто така има и високонапонски електричен стартер-генератор од 15 kW кој работи со помош на инвертер и батерија од 1,2 kWh со технологија за течно ладење .

Резултатот е погонска група која обезбедува 25% повеќе моќност од сегашната бензинска верзија,  истовремено ја намалува потрошувачката на гориво до 40% при градско возење и до 20% при комбинирано возење.

Под хаубата на неелектрифицираната опција Juke се наоѓа ефикасниот 1.0-литарски трицилиндричен бензински турбо мотор DIG-T. Тој е компактен и лесен и одговорен за забавните возни карактеристики на моделот Juke кои ги очекуваат клиентите. Произведува 117 КС и се карактеризира со вртежен момент од 180 Nm (200 Nm со прекумерен притисок). Достапен е во комбинација со 6-брзински мануелен менувач или 7-брзински автоматски менувач со двојна спојка, менувачи на лопатки поставени на управувачот и три режими на работа (Eco, Standard и Sport) за да им се овозможи на возачите да го приспособат својот стил на возење на сите услови.

„Освежениот Nissan Juke ги засилува неговите веќе докажани доблести. Нашите клиенти го обожаваат неговиот впечатлив дизајн, сега е уште поатрактивен поради враќањето на популарната жолта боја во понудата. Благодарение на новите материјали во внатрешноста и уште поголемата поврзаност, удобност и практичност, статусот на Juke како револуционерен и легендарен модел во сегментот на урбани кросовери е посилен од кога било“, изјави Арно Шарпентие.

13 години производство во Обединетото Кралство

Освежениот Juke сега се произведува во фабриката на Nissan во Сандерленд, каде што се произведени повеќе од 1,3 милиони единици од претставувањето на оригиналниот модел во 2010 година. Автомобилот ќе се произведува на втората производна линија во фабриката заедно со Qashqai.

Адам Пеник, потпретседател за производство во фабриката на Nissan во Сандерленд, рече: „Нашиот тим е горд што гледа како најновиот Juke излегува од производствената лента, и особено е возбудливо да се види познатата жолта боја која се враќа по шест години.

Сигурен сум дека нашите првокласни производствени и инженерски тимови со нетрпение очекуваат да испорачаат автомобил со високи стандарди за квалитет кој нашите клиенти го сакаат и очекуваат“.

Juke сега е четвртиот модел во гамата што се произведува во фабриката во Сандерленд, зад Qashqai, Micra и Primera. Минатото лето, фабриката го произведе своето единаесет милионито возило од почетокот на производството во 1986 година.

 

  Потрошувачка на гориво во комбиниран циклус на возење (WLTP) Емисии во комбиниран циклус на возење (WLTP)
Juke DIG 5,8 – 6,2 l / 100 km* 133 – 141 g/km*
Juke Hybrid 4,7 – 4,9 l / 100 km* 107 – 112 g/km*

*Во зависност од опремата

###

За повеќе информации за нашите производи, услуги и нашата посветеност на одржлива мобилност, посетете ја nissan-global.com. Можете да не следите и на социјалните мрежи Facebook, Instagram, Twitter и LinkedIn и да ги гледате нашите најнови видеа на YouTube.

Поврзани новости