Материјалот за референдумот што ќе се одржи во недела пристигна во Општинската изборна комисија. Со силно полициско обезбедување гласачките ливчиња беа дистрибуирани откако заврши јавниот увид во избирачкиот список. Повеќе од 43 илјади граѓани од општина Центар имаат право да се изјаснат на референдумот за зачувување на автентичнот изглед на ГТЦ. За да биде успешен референдумот неопходно е да излезат повеќе од половината гласачи.
Според последната анкета, која ја пласираа опозициските партии повеќе од 80 отсто од гласачите се изјасниле дека сакаат ГТЦ да остане каков што е и дека в недела ќе излезат на референдумот. Гласачките места ќе бидат отворени од 7 до 19 часот. Освен преставниците на Државната изборна комисија процесот ќе го набљудуваат неколку здруженија.
СДСМ неколку дена опоменува дека власта преку низа активности го опструира референдумот. Посочија дека полицајци ги малтретираат активистите кои на терен лепат плакати и делат пропаганден материјал, но и дека ВМРО ДПМНЕ има ангажирано членови кои ги уништуваат плакатите, но и одат во посета на домовите и убедуваат граѓани да не излегуваат на референдумот.