Руски беспилотни летала ја оштетиле пристанишната инфраструктура во областа Одеса, повредени се шест лица, соопшти локалниот регионален гувернер Олег Кипер.
Според информациите, нападот бил извршен ноќта, а оштетена е пристанишната инфраструктура во областа Измаил.
Нападот бил со група дронови. Покрај пристанишната инфраструктура, оштетувања има и на други локации на цивилна инфраструктура, додал Кипер.
Пред шест дена инфраструктурата на Измаил беше исто така цел на руски напади, а тогаш беа оштетени силос за жито и административни згради.
Русија ги засили нападите врз инфраструктурата за извоз на жито во Украина во време кога се водат разговори за продолжување на договорот за жито во Црното Море што ќе овозможи непречен извоз на жито од украинските пристаништа.