ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ И НА ЦАРИНСКИТЕ СТАПКИ ЗА СУРОВИНИТЕ ЗА ОДРЖЛИВО КОНКУРЕНТНО ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО

КОМОРАТА ПРЕДЛАГА КОНЦЕПТ ЗА УБЛАЖУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ОД КРИЗАТА

by fokus

Претходно проговоривме за економската состојба во која ќе се најде државата во периодот што следува, но не се само општите заложби за мобилизирање на силите околу менаџирањето со кризата она што е потребно. Секако, потребни се и практични, прагматични мерки, кои на нашата економија ќе ѝ дадат можност да го преживее периодот што следува. Две од тие мерки се однесуваат, првенствено, на активната употреба на механизмот за јавни набавки, во која државата, како најголем учесник во делот за создавање на побарувачката во државата, може директно да влијае врз можностите и врз позиционирањето на нашите компании, како и врз механизмот на царинските тарифи, со кои државата ќе им овозможи на нашите компании да добијат конкурентен извор за производство, а со тоа да добијат и производ кој ќе биде, пред сѐ, регионално.

Да не заборавиме, Македонија веќе подолго време се наоѓа во зоната на слободна трговија со земјите во регионот и ја ужива придобивката на отворената економија, но мора да се соочи и со конкуренција која во другите држави е немилосрдна, а изворите за репроматеријали кај нив немаат идентично оптоварување.

Она што е важно да се каже е тоа дека државата мора да најде ефикасни механизми, и покрај општите заложби за слобода на пазарот и заложбите на Светката трговска организација дека економијата треба да биде целосно отворена, и мислам дека во услови на криза на државата ѝ е потребно таа да се фокусира и да најде начин како ќе им помогне на нашите компании во периодот што следува.

Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора на Северна Македонија

ПР текст

Поврзани новости