449
Во Полициската станица Чаир, вчера во 3.30 часот 53 годишен маж од од Скопје пријавил дека претходниот ден, околу 23,50 часот, добил телефонски повик од пријател дека истиот ја забележал неговата 16-годишна ќерка како видно вознемирена се движи по улица во населбата Шуто Оризари.
Џ.Р. се упатил на наведената локација и ја пронашол неговата ќерка, која му кажала дека присилно била држена од страна на 26 годишен маж во неговиот дом.
Тој, според кажувањето на девојката, од 18.05.2018 година не и дозволувал да го напушти неговиот дом при што физички ја малтретирал. Се работи на целосно расчистување на случајот.