Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Пожаревац изјави дека од Косово доаѓаат дополнителни лоши вести, каде, според него, Албанците се обидуваат со поддршка на најголемите европски сили и на земјите од Квинта, тивко да го заземат и окупираат северот на Косово.
-Нивниот министер за внатрешни работи денеска соопшти дека целосно го контролираат езерото Газиводе, што би значело ново прекршување на Бриселскиот договор, според кој полицијата на север мора да припаѓа на Дирекцијата Север, односно да Србите мора да бидат таму, но тие навистина не се грижат за сето тоа, им се може. И ако ги замолите луѓето во Брисел да не преземаат повеќе дејствија против српскиот народ, тие велат дека се е во ред, бидејќи решиле еден мал проблем, а потоа по старо работите се влошуваат како и обично – рече Вучиќ.
Тој истакна дека српскиот народ повеќе, како што вели, нема да толерира насилство и непочитување на меѓународното право и меѓународните правни норми.