Приштина: Косовската полиција ќе ги острани српските барикади ако не може КФОР

by Fokus

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља изјави дека Владата во Приштина очекува од мисијата на НАТО во земјата, КФОР, да дејствува што поскоро за отстранување на барикадите на косовскиот север, а во спротивно да каже дека не може да го стори тоа, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во вечерашното обраќање пред медиумите, по денешниот протестен собир на косовски Срби во селото Рударе и во врска со состојбата во северниот дел на Косово, каде што речиси две недели, од 10 декември се блокирани патиштата кои водат кон границата со Србија, Свечља рече дека, доколку КФОР не може да ги отстрани барикадите, Полицијата на Косово има „доволно капацитети да го стори тоа”.

– Во координација сме со меѓунродните партнери и очекуваме од КФОР да дејствува што поскоро. Поминаа 13 дена и ситуацијата останува иста, односно отежната. Очекуваме барикадите да се отсранат што поскоро. Ако тоа не се случи, како што реков, имаме капацитети да го направиме тоа самите. Значи: или да се отстранат барикадите што поскоро, или да не информираат (од КФОР) дека не можат да дејствуваат, изјави Свечљ а.

Тој оцени дека „дезинформирачките кампањи на Србија се користат за правдање на српските територијални претензии кон Косово” и порача дека „Полицијата на Косова ќе продолжи да го спроведува законот и покрај предизвиците со кои се соочува”.

Србите во Рударе денеска протестираа против изјавата на косовскиот премиер, Албин Курти, дадена во интервју за „Гардиан”, дека стравува оти при отсранувањето на барикадите може да има жртви, што според организаторите на протестот се толкува како најава на „истребување на српскиот народ во Косово” и убивање на Србите на барикадите.

Барикадите се подигнаа на 10 декември на патиштата кои водат кон границата со Србија, во знак на протест поради апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција, Дејан Пантиќ, кој се сомничи дека организирал напади со експлозивни направи и огнено оружје врз општинските изборни комисии и врз полициски патроли во тој дел од Косово.

Поврзани новости