Приштина има поддршка од Германците, вели Вучиќ

by Fokus

Германија и Британија ги поддржуваат сите „противправни акти“ на Косово, изјави денеска во Париз српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Приштина има поддршка од Германците и за секој потег што го прават, тие секогаш можат да ја условат Приштина со визи и поддршка за енергија, пари и поддршка за членство во Советот на Европа, но јасно е дека нема тоа да го сторат. Јасно е дека Германците се тие што им даваат поддршка за сите противправни акти во ЕУ, а Велика Британија надвор од ЕУ“, изјави Вучиќ, пренесе Бета.

Поврзани новости