Холестеролот е материја која е нормална градбена компонента во секоја клетка на телото. Од него настануваат повеќе видови на хормони (тестостерон, естрадиол, кортизол), дел е од витаминот Д, а непоходен е и за создавање на жолчни к-ни потребни за нормално варење на храната посебно на мастите .Освен со храната што се внесува, холестеролот се создава во организмот пред се во црниот дроб (1-2 гр) на ден. Триглицеридите се соединенија на алкохол, глицерол и масни киселини. Ги внесуваме преку храната при што во организмот мора да се разградат на глицерол и масни киселини.
Глицеролот се претвора во гликоза (крвен шекер) која може да се искористи за создавање на енергија или изградба на други материи, а масните киселини се разградуват до поедноставни при што исто така настанува енергија.Хиперлипидемиите или зголемено ниво на масни материи (липиди) во крвта се (однесува на холестерол и триглицеридите ) се честа појава во нашата популација и во светот.
Нивниот третман е непходен,бидејќи доведуваат до посериозни компликации како атеросклероза,која понатаму е директна причина за појава на срцев инфаркт или мозочен удар. Кога вредностите на холестеролот се многу високи лекарот ќе ви препише статини, лекови кои го намалуваат неговото ниво, или лекови кои ги намалуваат триглицеридите. Терапевтски треба да се дејствува со цел да се намали нивото на вкупниот и LDL холестерол, а да се зголеми нивото на HDL холестерол.
Овие лекови имаат улога и на антиоксиданти кои го штитат ѕидот на артериите, па дури некогаш се даваат и превентивно, независно од нивото на холестерол кога има знаци на стареење на крвните садови, т.е. наслаги или посериозни оштетувања, после интервенција на крвни садови (стентирање, проширување на артеријата со балон), по хируршка реваскуларизација на срцето (бајпас), кај присутен дијабетес итн.
Сепак, се работи за хемиски соединенија кои треба долго да се користат (најчесто терапијата е доживотна), и како и секој лек имаат несакани ефекти (најчеста несакана реакција е мускулната болка, потоа главоболка, зашеметеност,запек,протеинурија,зголемување на нивото на шеќер во крвта,хиперзензитивни кожни реакции итн.)
Посериозни несакани дејства се : оштетување на црниот дроб, невролошки ефекти, периферна невропатија, катаракта,тешки алергиски реакции.За среќа, постојат природни извори на статини со кои успешно се регулираат холестеролот и триглицеридите. Таков е на пример црвениот ориз кој изобилува со активни состојки – монаколини кои се сметаат за природни статини.Од сите монаколини најактивен е Мonakolin K, кој го инхибира ензимот HMG-CoA редуктаза и на тој начин ја стопира синтезата на холестерол во црниот дроб. Monakolin K истотака е познат и под називот мевинолин или ловастатин.
Monakolin K е клучен за делотворноста на црвениот ориз во смисла на намалување на вкупен холестерол, намалување на LDL холестерол и триглицеридите во крвта. Покрај монаколинот со процесот на ферментација се создаваат и растителни стероли, незаситени масни киселини, ензими за варење, витамини од Б групата (ниацин) и други продукти кои исто така придонесуваат за делувањето и ефикасноста на производот. Корисниот ефект се постигнува со дневен внес на 10 mg monakolin K од ферментиран црвен ориз.
Преку клинички студии е утврдена неговата ефикасност во намалувањето на триглицеридите и холестеролот во крвта после 4 -8 неделна примена.Испитувањата покажале намалување на вредностите на триглицеридите и вкупниот холестерол за 26 %. Благодарение на бројните студии кои ги документираат горенаведените дејства постои одобрено здравствено тврдење: “monakolin K од ферментиран црвен ориз придонесува за одржување на нормалното ниво на холестерол во крвта “.
Др.Ангел Стефанов – спец.по општа медицина
ПР текст