62
Португалската криминалистичка полиција денеска објави дека уапсила член на италијанската криминална група „Камора“, кој е во бегство две децении.
Полицијата во соопштение наведе дека е уапсен во северниот дел на земјата и дека е припадник на „Камора“, како што е позната наполитанската верзија на мафијата, бил цел на европска потерница.
Пред 20 години, 69-годишен маж беше осуден на 15 години затвор за трговија со дрога, но тој избега и оттогаш е баран од италијанските власти, соопшти полицијата.
Тој се појави пред португалски судија и ќе остане во затвор додека не биде екстрадиран, пренесува Ројтерс.