Принудно приземјениот Рајанер полета од Минск за Вилнус

by fokus

Авионот на компанијата Рајанер, што денеска принудно слета во Минск, го продолжи патувањето кон Вилнус, изјави еврокомесарката за сообраќај Адина Валеан.

Полетувањето на авионот на Рајанер таа го оцени како „прекрасна вест за сите, посебно за семејствата и за пријателите на патниците во авионот“.

Претходно, по наредба на белоруските власти авион на Рајенер, што сообраќаше од Атина за Вилнус, принудно слета во Минск.

По слетувањето на авионот беше уапсен е еден од главните блогери и активисти на опозицијата, Роман Проташевич.

Белоруските власти побарале авионот принудно да слета со образложение дека содржи експлозив, но ништо не е пронајдено во леталото.

Според белоруската државната новинска агенција БеЛТА, претседателот Александар Лукашенко лично наредил авионот на Рајнер да биде придружуван од воен авион.

Проташевич е еден од основачите на опозициските вести НЕКСТА, канал што стана еден од главните извори на вести за демонстрациите во Белорусија. Тој во Белорусија е означен како екстремист.

Лидерите на ЕУ го осудија принудното слетување на авионот во Минск и апсењето на Проташевич.

„Тоа е целосно неприфатливо. Сметаме дека белоруската Влада е одговорна за безбедноста на сите патници во тој авион. На сите патници мора да им биде дозволено веднаш да го продолжат патувањето“, напиша на Твитер шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.

Поврзани новости