Принцовите Вилијам и Хари во саботата присуствуваа на бдеење покрај ковчегот на нивната баба кралицата Елизабета Втора, по кој помина долга низа граѓани.
Синовите на кралот Чарлс III, облечени во воена униформа, бдееле покрај ковчегот 15 минути во големата сала на Вестминстерската сала, каде што ковчегот е изложен од средата, обвиен во кралско знаме.
На Вилијам и Хари им се придружија шест братучеди, меѓу кои и принцезите Беатрис и Евгенија, ќерки на принцот Ендру. Тие беа придружувани од Питер Филипс и Зара Тиндал, децата на принцезата Ана, како и децата на принцот Едвард, Луис и Џејмс.
Претходно во саботата, кралот Чарлс III и принцот Вилијам ги поздравија луѓето кои трпеливо чекаа во редот за да се поклонат пред ковчегот на кралицата Елизабета.
Кралицата Елизабета почина на 8 септември во својата летна резиденција во Шкотска на 96-годишна возраст. Таа владееше повеќе од 70 години.