Принцот Вилијам прогласен за најсекси ќелав маж на светот

by Fokus

Принцот Вилијам за малку ја пропушти титулата за најсексипилен маж на светот, но и титулата за најсексипилниот ќелав маж на светот не е премногу лоша.

Титулата за најсексипилен ќелав маж, принцот од Велс ја презеде од миленикот на женските срца Вин Дизел.

Само што заврши гласањето за најсекси маж на светот во кое 57-годишниот Патрик Демпси извојува убедлива победа, светот го обиколи веста дека е избран уште еден победник, овој пат – меѓу ќелавите мажи.

Претекнувајќи многу милионери и холивудски ѕвезди без коса, принцот од Велс, Вилијам се најде на самиот врв на листата на најзгодни мажи во светот, а за оваа ласкава титула, британскиот принц, меѓу другото, треба да се заблагодари на корисниците на Интернет. Принцот Вилијам зад себе остави познати ќелави срцекршачи.

Земајќи го предвид златниот пресек, висината, бојата на гласот, „длабочината на џебот“, факторот на сјајна главa и бројот на пребарувања на Google во комбинација со термините „без кошула“ или „go“, маркетинг агенцијата Рибут ги рангираше познатите мажи на скала од 1. до 10. Принцот Вилијам победи убедливо со вкупен резултат 9,88 од максимални 10, победувајќи многу ќелави срцекршачи како Вин Дизел, Џејсон Статам и Двејн Џонсон. Дури и Брус Вилис и Мајк Тајсон беа далеку зад принцот.

Пред само 10 дена, актерот Патрик Демпси беше прогласен за најсекси маж во 2023 година, а оваа титула најмногу се должи на улогата на срцекршач во серијата „Вовед во анатомија“, во која Демпси ја толкуваше улогата на Мекдрими. Појавувајќи се во преку 250 епизоди од легендарната серија, Демпси ја воодушеви секоја дама на светот со својата харизма, а речиси и да нема девојка која ни за момент не сакала да биде во улогата на својата партнерка Мередит Греј.

Демпси ја презеде титулата од својот колега Крис Еванс, кој беше прогласен за најсекси маж во 2022 година, а меѓу финалистите на натпреварот организиран од магазинот People, беа Мајкл Џордан, Џон Леџенд, Бред Пит, Харисон Форд и Мел Гибсон.

Поврзани новости