Принцот од Монако заразен со коронавирус

by fokus

Принцот Алберт Втори од Монако е позитивен на новиот коронавирус, соопшти палатата на кнежевството.

Само пред 24 часа, принцот Алберт Втори најави дека кнежевството ќе биде ставено во карантин се до следното известување.

- Advertisements -

Алберт Втори, чие целосно име е Алберт Александре Луис Пјер Грималди, е актуелен принц на Монако и лидер на владејачката династија Грималди. Тој управува со кнежевството од 6 април 2005 година и е син на Рејнер Трети и поранешната холивудска актерка Грејс Кели.

Поврзани новости