Принцот Хари, војводата од Сасекс го прослави својот 39-ти роденден, кој беше на 15 септември.
Со сопругата Меган и пријателите, Хари уживаше во добро познат паб во Дизелдорф, Германија, каде што во моментов се одржуваат игрите Invictus, проект за воени ветерани што го започна принцот пред девет години.
Судејќи по објавите на социјалните мрежи, сите уживаа во пивото и традиционалните германски колбаси, крвав колбас, винерска (свинска) шницла, црвена зелка и пире од компири, во ресторан-пабот „Im Goldener Kessel“. Всушност, славните гости биле толку задоволни од храната и атмосферата што се фотографирале со вработените.
View this post on Instagram
– Беше прекрасен и весел. Меган е убава – изјавила за Дејли Меил сопственичката на ресторанот Теа Унгерман.
– Беа многу опуштени, го пиеја нашето домашно пиво „Шумахер алт“, истото пиво кое се служи на игрите на Инвиктус – рекла сопственичката на пабот.
Таа раскажа како Хари и Меган цело време седеле еден до друг.
Тие го изненадиле принцот со чоколадна роденденска торта.
Внимателните хроничари пресметале и колку се испило: Хари, тврдат, испил шест „мали пива“ од половина литар, додека Меган се почастила со едно пиво.
Џуди Џејмс, експерт за невербална комуникација, која често ги коментира познатите личности за британските медиуми, за The Mirror изјави дека Хари очигледно ужива кога е во Германија и го прави омилениот проект на кој е многу горд. Принцот долго време не зрачеше со таква решителност и самодоверба. Очигледно е и дека Меган искрено го поддржува, што е очигледно преку нејзините гестови и говор на телото.
– Изгледаат како во првите денови од нивната врска. Се чини дека Хари се опушти и како резултат на сите тие мали гестови и погледи, неговата самодоверба се зголеми“, рече меѓу другото Џејмс.