Принцот Хари го пцуел британскиот крал, тврди британски новинар

by Fokus

Принцот Хари го пцуел својот татко, кралот Чарлс за време на жестока расправија за пари, се вели во новата книга за кралското семејство наречена „Наш крал“ од новинарот Роберт Џобсон.

Откако ги загубил нервите кога неговите барања за пари не биле исполнети, Хари се вели дека ги искажал своите фрустрации во жесток телефонски повик.

Се вели дека книгата носи друга страна на конфликтот меѓу Хари и неговото семејство

Принцот постојано ја презентира својата страна на приказната – во интервју со Опра Винфри, документарен филм на Нетфликс и во мемоарите „Резерва“, а од новата книга може да се заклучи дека Хари не ги споделил сите детали со јавноста.

Кралот, наводно, ги одбил барањата на Хари за пари и му рекол на својот син дека не е банка и дека не може да си го финансира животот откако се повлече од кралските должности.

Чарлс престанал да одговара на телефонот по расправијата, ги пренесува српски „Новости“ британските медиуми.

Поврзани новости