Принцот Ендрју, војводата од Јорк, побара судење пред порота по обвинението од Вирџинија Џуфре, која тврди дека сексуално ја искористил.
Според Џуфре, позната и како Вирџинија Робертс, принцот сексуално ја нападнал на три различни места во периодот од 2000 до 2002 година.
Војводата даде 11 причини зошто случајот треба да биде отфрлен. Една од наведените причини, е и „нејзиното незаконско однесување“.
Во судскиот документ, во кој се бара отфрлање на случајот, адвокатите на принцот наведуваат и дека тој бара судење пред порота.
Џуфре го обвинува принцот дека сексуално ја искористил додека имала 17 години. Таа изјави дека Џефри Епстајн и Гислејн Максвел му ја понудиле на принцот.
Епстајн изврши самоубиство во затворот додека чекаше судење за сексуални злосторства, а Максвел минатиот месец беше осудена за сексуална трговија.
Принцот ги негираше обвинувањата на Џуфре, кои го натераа да се повлече од кралските должности.